Кривичен суд

На „Монструм“ денеска ќе сведочат Блерим Беџети и Муса Џафери

Поранешниот министер за правда и актуелен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, предвидено е денеска да сведочи на рочиштето за случајот „Монструм”. Како сведок на судењето треба да се појави и Муса Џафери, поранешен вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

Воедно, на оваа рочиште треба да се појави и сведокот Зоран Трајковски (полициски службеник) кој во „бомбите”, се слуша како комуницира со друго лице и објаснува дека на Синиша Алексовски му пренел дека пред 12 април може да се случи некој немил настан, напад на полициска станици и слично. Во однос на оваа прашање Алексовски (поранешен советник за безбедност во кабинетот на екс претседателот Ѓорѓе Иванов ) потврди дека имал комуникација со Трајковски. Добил од него усна информација дека има движења на екстремистички групи кои би можеле да нападнат полициски станици, но дека не му била потврдена.

На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година.

Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе