Адвокатот Еленко Миланов во завршниот збор

На 27 април обвинетите разменувале пораки за инспекциски надзор на професор, а не за акт на насилство

Пораките што обвинителката Вилма Русковска ги презентираше во завршниот збор и кои се доказ во постапката за обвинетите за организирањето на 27 април, за одбраната се само комуникација што се однесува на инспекциски надзор за професор на Универзитетот во Тетово. Адвокатот Еленко Миланов пред судот во завршниот збор наведе дека законодавецот во обвинението не го искажал нивото на акт на насилство.

„Овде обвинителството како формулација го има акт на насилство, но овде законодавецот не го искажал нивото на акт на насилство. Ако зборуваме за овој ден, којшто може да биде во насока на ваше размислување, а тоа е некаков акт на насилство, да видиме што во тој дел сака да ве убеди Обвинителството. Во однос на она што било некаква улога на овие обвинети, во врска со некаков план за загрозување на уставниот поредок, ОЈО ГОК во својот завршен збор ќе ви каже „Улогата на обвинетиот Трајко била по секоја цена да се спречи избор на претседател на Собрание. Каде судии, во ова што го тврди и бара за тоа да го осудите Вељаноски, гледате акт на насилство, каде е единствениот елемент кој се става на товар со изменетиот диспозитив? Па, понатака во истиот завршен збор Обвинителството ќе ви каже дека треба да ги огласите за виновни Јанакиески и Ристовски бидејќи нивна улога била да ги организира протестите на движењето на „За заедничка Македонија, за по секоја цена да се спречи избор на претседател на Собранието“, рече во завршниот збор адвокатот Миланов.

Тој ги праша судиите што ја водат оваа постапка дали во овој дел и во ова тврдење на Обвинителството може да најдат акт на насилство.

„Дали вие судии во овој дел можете да најдете акт на насилство, за понатаму да продолжи во однос на четвртообвинетиот, за кого единствено во својот завршен збор обвинителката сака да ве убеди дека доколку се укаже за потребно, а Обвинителството не тврди дека морало со акт на насилство да се спречи избор на претседател на Собранието. Ова е единствениот момент во кој самото Обвинителство сака да ви каже и да ве убеди дека имало план,договор или било што за било каков акт на насилство. Како основно и прво дејствие кое што во својот диспозитив го става ОЈО ГОК е тоа дека овие обвинети заедно со Никола Груевски и Никола Бошкоски кој се недостапни, создале план за спроведување на акт на насилство и загрозување на уставниот поредок“, наведе адвокатот Миланов во завршен збор.

Тој рече дека треба да се расчленат обвинетите и на тој начин да се види кои луѓе наводно учествувале во создавањето на овој план.

„Вељаноски воопшто нема комуникација со обвинетиот Владимир Атанасовски и со Никола Бошкоски. Во целиот овој период, она што како суд можевте да го видите е дека беа извадени 30 илјади пораки од бројот на Трајко. Ниедна комуникација нема со овие со кои наводно создал план за ваква тешка правна квалификација. Вељаноски и Јанакиески во овој клучен период немаат никаква комуникација. Ниту од доказите на обвинителството, ниту во доказите од обраната не се покажа дека има ваква комуникација. Морам да нагласам дека станува збор за високо профилен судски процес со многу коректно водење од ваѓа страна. Групата има уште луѓе , и во таа група која го создала овој план е и Ристовски и за него Обвинителството во својот завршен збор ќе сака да ве убеди дека на 27 април, 2017 година имале интензивна комуникација со Вељаноски. Да, имале и на 27 имаат вакви пораки, и на 25 април , на 3 мај, на 17 мај постојат пораки, но за да не бидам само со инсинуации јас ќе ви ги прочитам", рече Миланов.

Според пораките кои адвокатот ги прочита, се работи за порака во која се вели дека има добар материјал, а Ристовски одговара дека Камбовски бил во комисија. На ова, според Миланов, Ристовски пишува дека било матно, а Вељаноски одговара потврдно.

„И ако ги поврземе овие пораки од денот на настанот со пораките од 25 април до 17, ќе заклучиме дека станува збор за инспекциски надзор на инспектор од образование на еден од универзитетите во Тетово и за тоа каква документација има, дали постојат незаконитости и аномалии во делот на образованието каде во тој момент работи и Ристовски. Судии во овие пораки кои Обвинителството ги нарекува интензивна комуникација, нема ниту еден збор за тоа што се случува или треба да се случи во Собранието. Обвинетите немаат ниту една единствена порака за она што се случува во собраниската сала", наведе Миланов во завршни зборови пред судиите за обвинетите за организирањето на настаните од 27 април.

Судскиот процес започна на 21 февруари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошкоски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се тгонат за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Кривичниот совет за овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

К.Д.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе