За откривање идентитет на заштитен сведок

На Кежаровски нема да му се суди за „Ликвидација“ поради застареност

На судијата Валентин Зафиров, новинарот Томислав Кежаровски, адвокатот Сашко Лазаров и Јане Павловски нема да им се суди за „Ликвидација“ поради застареност. Обвинителката од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева, на денешното рочиште во предметот „Ликвидација", рече дека настапила апсолутна застареност за кривичните дела за овие обвинети лица. 

„Делото во случајот „Ликвидација" е застарено, и поради тоа на новинарот Томислав Кежаровски нема да му се суди“, гласеше денеска одлуката која ја соопшти Марија Ѓорѓиева, обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Кежаровски беше обвинет и осуден на 4 години и 6 месеци затвор за откривање на идентитет на заштитен сведок – казна која подоцна му беше намалена на 2 години затвор, а Кежаровски помина 5 месеци во притвор во истражниот затвор Скопје, по што беше пуштен во домашен притвор.

Покрај него, во случајот за различни дела беа обвинети и осудени уште 8 лица.

Одлуката за застареноста на случајот Кежаровски ја прими емотивно и со разочарување, посочувајќи дека очекувал ослободителна пресуда, а не застареност.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе