Додека одговара на серијата прашања од Јовановски

На Камчева ѝ застана часовникот во судница

„Колку е точно часот?“, ги праша Камчева судиите и си го намести часовникот.

Бојан Јовановски побара и втора пауза за време на сведочењето на Ана Камчева.  И претходно на денешното рочиште тој се пожали дека не му е добро и побара пауза за во тоалет, со образложение дека има нагон на повраќање.

За време на вторава пауза од неколку минути, на Камчева ѝ застана скапиот сребрено-црн часовник што го носи на рака. Таа го извади часовникот и од судиите побара да ѝ биде кажано колку е часот, по што го намести точното време и продолжи да сведочи.

Камчева му одговара на Јовановски, кој има серија прашања за неа.

Претходно таа рече дека се плашела од моќта на Јанева, а случајот „Империја“ го нарече фингиран процес. 

Откако даде заклетва, сопругата на Орце Камчев одговарајќи на прашање на обвинителката Вилма Русковска го повтори она што во петокот веќе го кажа нејзиниот сопруг.

К.Д.

Фото: Роберт Атанасовски

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе