На Јутјуб излегоа нови аудио снимки, Обвинителството анализира

На Јутјуб каналот „U6e Big“ денеска се појавија девет нови куси прислушувани разговори поврзани со случајот „Рекет“, откако претходно беа поставени седум разговори. 

Во овие разговори се слуша глас кој наликува на бизнисмен сведок во случајот „Рекет“ но и осомничен во истрагата „Империја“ на СЈО. Во дел од нив се слушаат разговори на машки лица. Разговараат дека во „Луј Витон“ чантата има ГПС локатор, а се слуша глас кој кажува дека скапата торба полна со евра не завршила кај премиерот Зоран Заев. Дополнително истиот глас за кој се претпоставува дека е на познатиот бизнис магнат осомничен за перење пари во „Империја“, констатира дека од куќен притвор ги пуштил Врховен или како што вели, „Јово не пушти“.

Во снимките, освен обвинетите во „Рекет” се споменуваат обвинителката Вилма, Јово и Врховен,  Мицко, Зоки, Сашо, Геро.

Ова се дел од разговорите: 

„Му пишувам Зоки јави се. Не можам друже во гужва сум”.

„Не треба ништо да дадеме кај Вилма, ништо во две деца ти се колнам, мислам дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам брат го имам во документ, ќе ти го покажам”.

„Друже мој, Македонија мора да стане европска држава, правна држава, да одиш ти утре да си пријавиш оти и ти ќе одговораш“.

„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер”.

“Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти…законот. Не нè пуштија они. Што зборите вие?“

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа по првичното објавување на аудио снимки на „Јутуб“ објавени на каналот „U6e Big“, отвори предмет по допрен глас.

„Предметот е земен во работа и по него постапува надлежен јавен обвинител. Издадена е наредба до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика да преземат дејствија и мерки и барањето за прибирање на потребни известувања да го достават до ‘Јутјуб’.

Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките. Со постапката треба да се утврди кој снимал, дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува”, соопшти Обвинителството.

Оттаму додаваат дека до сега нема пристигнато пријава која се однесува на објавените снимени разговори. 

„Обвинителството како и во изминатиот период нема да коментира изјави, туку својата работа ќе продолжи да ја темели врз докази. Во насока на тоа обвинителството веднаш, како и во случајот на објавените документи од предметот ‘Рекет’, отвори постапка во насока на расветлување на случајот”, се додава во соопштението.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе