На иницијативата на Левица денеска Уставниот суд ќе расправа за разрешувањето на Фадил Зендели

На дневен ред на денешната седница на Уставниот суд е предметот оформен по иницијатива на политичката партија Левица, со која се оспорува одлуката на Собранието од 3 март 2022 година за разрешување на членот на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Фадил Зендели.

Подносителот на иницијативата смета дека пратеник не може да биде разрешен од работно тело на Собранието без предлог на матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата, затоа што тоа е спротивно на уставното начело на уставност и законитост.

Во наводите на иницијативата пишува дека оспорениот акт го нарушува системот на нормативна хиерархија и овозможува заобиколување на предвидените уставни и законски норми.

Според подносителот, меѓу другото, оспорениот акт не ги исполнува кумулативно сите деловнички услови за да се најде на дневен ред на собраниска седница.

Разрешувањето на Зендели беше побарано откако Движењето Беса премина во опозиција и мнозинство во Комисијата за избори и именувања наместо власта, имаше опозицијата. Поради блокадата на работата на Комисијата, беше закочен и изборот на нови членови на Уставниот суд, како и други именувања.

На дневен ред на денешната седница на Судот се и иницијативите поднесени за одредби од Законот за медијација и Законот за пензиското и инвалидското осигурување. 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе