Доказна постапка за „Монструм“

На денот на петкратното убиство не видов ниту еден обвинет кај Смилковско езеро, тврди сведок

Сведок во постапката за случајот „Монструм“ денес пред судот тврдеше дека на денот на петкратното убиство ниту слушнал истрели, ниту пак видел некој од обвинетите на местото каде се случи убиството. Рамадан Мурати, во своето сведочење истакна дека на 12 април, 2012 година на денот кога се случи убиството, работел на нивите кај Смилковско Езеро кои се во сопственост на обвинетиот Фејзи Азири. 

Мурати тврди дека ниту тој ден, ниту, пак, неколку дена претходно Азири не бил во близина на Смилковското Езеро. 

За останатите обвинети Мурати кажа дека не ги познавал и дека не ги забележал во околината каде што работел тој ден.

Судијата Огнен Ставрев го праша сведокот дали му е познат теренот околу Смилковското езеро, дали знае колку езера има на местото, и дали на денот на петкратното убиство имало други лица освен риболовците?

На ова сведокот одговори дека и тој ден имало луѓе што ловат риба, но одговори дека не ги познава. 

Сведокот Мурати рече дека не видел никој на местото од обвинетите во судница, а таму бил до 20 часот. Мурати тврди дека ниту тој ден, ниту, пак, неколку дена претходно Азири не бил во близина на Смилковското Езеро.

„Не сум видел ништо сомнително тој ден. Работев на нивата, садев бостан, а не знам дали црна кола поминала тука оти си бев занесен во работата. Работев на нивата и не можам да ги пазам сите коли“, рече сведокот пред судот. 

Обвинителката Фатиме Фетаи денес пред судот рече дека бавен е начинот на кој се предлагаат и испрашуват сведоците и побара на секое рочиште да се испрашуваат по поголем број сведоци. 

Судењето продолжува на 5 јуни. 

 К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе