Кривичен суд

На денешното рочиште за „Рекет“ ќе сведочат Дејан Панделевски и Сергеј Варошлија

Одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски за денешното рочиште во случајот „Рекет” за сведоци ги предложи Сергеј Варошлија и Дејан Панделевски, кој во минатата недела не дојде на судењето затоа што бил на службено патување.

Како сведоци во наредните рочишта се очекува да се појават Јовче Ременски, сопруг на пратеничката Фросина Ременски и поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ кој исто така поради службени обврски не дојде на судењето минатата недела.

Јовановски е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и за кривичното дело перење пари, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената положба.

Во „Рекет“ е осуден и Зоран Милевски Кичеец на три години затвор, откако на почетокот на судењето призна дека е виновен.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе