Според најавите од претходното рочиште, денеска треба да сведочат тројца сведоци, од кои еден припадник на полициската единица „Алфи”. Со завршување на ова фаза следува подготвителен период за завршни зборови.
Повторувањето на судскиот предмет за петкратното убиство во Смилковско Езеро во април 2012 го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, а обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.