„Рекет“

На Боки 13 му се слоши уште пред да даде исказ, со Брза помош однесен од Обвинителството

На Бојан Јовановски, познат како Боки 13, денеска му беше укажана Прва помош откако му се слоши додека беше изведен да даде исказ пред Обвинителството за организиран криминал.

Јовановски  беше изнесен на носилкаи со возило на брза помош и полициска придружба замина од Обвинителството за гонење организран криминал и корупција. Медицинската екипа пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски кој како првоосомничен денеска требаше да дава исказ за „Рекет“, по извршениот увид на доказите.

Адвокатот Саша Дуковски пред медиумите кажа дека Јовановски воопшто не дал исказ, бидејќи уште веднаш му се слошило.

„Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше,  не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека му треба адекватна медицинска нега, без оглед што сторил.

Не случајно е сега однесен итно во болница и не случајно до сега барем 20 пати бил на лекар“, рече Дуковски.

На прашањето дали Јовановски дал исказ, неговиот адвокат вели дека немало исказ и дека кога тој дошол Јовановски веќе повраќал во тоалетот.

„Дали изгуби свест не знам. Не беше ни контактибилен ни со мене ни со лекарите, многу грда сцена која што е прилично мачна“, додаде Дуковски.

Јовановски е првоосомничен во случајот „Рекет“ и е во притвор во Шутка. Неговиот адвокат бараше пуштање од притвор поради влошена здравствена состојба, но судот не го уважи барањето.

Осомничени во случајот се и Зоран Милески Кичеец и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

 

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе