На 4 декември продолжува судењето за обвинетите за организирањето на настаните од 27 април

Судењето за обвинетите организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 4 декември, откако на денешното рочиште беа изведени видео материајли предложени од одбраната на обвинетиот Спиро Ристовски.

Ристовски рече дека има предложено околу 50 видео материјали.

На денешното рочиште беа изведени повеќе видео записи од изјави на Ванчо Петрушевски, Александар Кукулев, Васил Зафирчев, Дарко Мијалковски, Снежана Коневска Руси и други уметници за време на протестите организорани од движењето „За заедничка Македонија", во кои сите посочуваат дека не се политички организирани, туку како што рекоа, излегле за одбрана на татковината.

Претходно денеска беа сослушани двајца сведоци предложени од Трајко Вељановски, со што заврши сослушувањето на околу 40 сведоци предложени од неговата одбрана.

Беа сослушани сведоците Сања Угриновска Спасеновска која во 2017 година била шеф на кабинет на претседателот на Собранието и лице за контакт со медиуми и пратеникот Африм Гаши.

Двајцата зборуваа за конститутивната седница и работата на собранискиот спикер Трајко Вељановски. Спасеновска и Гаши рекоа дека на 27 април 2017 година во Собранието биле до 16:30 часот.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе