Кривичен суд

На 27 април продолжува судењето за „Софтвери”

Со изведување на докази од Обвинителството, во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери” во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата на Македонија, Драги Рашковски.

На денешната расправа беа изведени докази од страна на Обвинителството кои се однесуваат на пораки помеѓу обвинетите во овој случај, кои се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување” при јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки.

Првообвинетиот, се вели во обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Лицата И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. се обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување” од Кривичниот законик.

Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а денеска застапник на обвинението беше обвинителката Ивана Трајчева.

Судењето за случајот продолжува на 27 април. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе