Министерот за внатрешни работи

Спасовски: МВР не може да знае каде е Јанева ако нема налог од Обвинителството или од Судот

МВР во ниеден момент нема обврска да знае каде се граѓаните на државата освен ако нема налог од надлежен обвинител или надлежен суд, рече денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарското прашање дали МВР знае каде е специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

„Ако тргнеме од тој принцип дека МВР треба да знае каде се наоѓа секој во одреден момент, тогаш тоа не е демократска држава. МВР постапува исклучиво според наредби што ги издаваат надлежниот обвинител или надлежниот суд“, рече Спасовски, кој присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција на Прилеп.

Министерот за внатрешни работи на седницата рече и дека безбедносната состојба во Прилеп е добра и дека набрзо ќе дадат детали за поставените рачни бомби.

„Многу брзо може да излеземе со детали, зашто се преземаат низа активности за кои се надевам дека ќе ги дадат очекуваните резултати, како и поврзаноста на овие случувања со некакви претходни случувања со одредени групации“, реќе тој одговарајќи на прашањето за двете фрлени рачни бомби во Прилеп за период од десетина дена.

Спасовски денеска ја посети прилепската полициска станица и присуствуваше на конститутивната седница на Советот за превенција во Прилеп.

„Врз основа на средбата што ја имавме во полициската станица во Прилеп и по изнесените податоци може да констатираме дека безбедносната ситуација во Прилеп е мирна и стабилна и нема елементи на нарушување на безбедносната состојба во градот и граѓаните треба да бидат спокојни. Секако дека перцепцијата не е добра кога ни се случуваат вакви настани. Се работи на нивно расчистување“, рече министерот и додаде дека мошне брзо ќе дадат детали за случаите, напоменувајќи дека интензивно се работи на нивно расчистување.

„Како тим на полициската станица, јавното обвинителство, работиме заедно, преземаме мерки. овие настани треба да се расчистат. Ќе се расчистат до крај. Меѓутоа, таква борба против криминалот, корупцијата, мора интензивно да продолжи во иднина и да биде неселективно за што се договоривме и при денешната средба со полициската станица и со прилепската локална самоуправа“, изјави Спасовски.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе