Скандал во МИОА

МВР: Јахија земал мито од 38 илјади евра, истрагата се води заедно со италијански служби

За државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија обвинителството и МВР се сомневаат дека тој заедно со колега земале пари и овозможиле предност за фирма која го добила тендерот за да спроведе ИПА проект вреден над еден милион евра, за координација на обуките во јавната администрација.

„Координирано се спроведени се претреси на локации во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа на пет локации во Скопје и Куманово и на осум локации во Италија во седишта на фирми и во приватни станови. Притоа, МВР во врска со ова кривично дело заплени, десктоп и лап-топ компјутери, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

Сомнежите за корупција при распределбата на европски пари во земјава траела два месеца. Вклучени се меѓународни организации. Истрагата е иницирана од ОЛАФ – Европска служба за спречување измами.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе