МВР по налог на ОЈО

Притвор и истрага за процентот на ТХЦ во канабисот што го произведува македонска компанија

За Mенахем Коен (Menachem Cohen), извршен директор на израелската компанија за преработка на канабис Медиви (Medivie Therapeutic), директорот на македонската подружница Каннатек, Ненад Јованов и за уште едно лицe македонското обвинителство води истрага поради сомневање за нелегална трговија со дрога. Медиви е сопственик на 51 отсто од акциите на македонската компанија Каннатек.

Од ОЈО за МКД.мк потврдуваат дека овој предмет во текот на минатата недела е доставен на надлежно постапување од Основното јавно обвинителство Кавадарци.

„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донесе Наредба за споведување на истражна постапка против три лица, од кои едниот - израелски државјанин не е достапен на органите на прогонот. Осомничените постапувајќи спротивно на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик“, велат од ОЈО. 

Двајца осомничени беа изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд.

На предлог на обвинителството судот со решение одреди мерка притвор за едниот осомничен, а мерки на претпазливост за другиот. Воедно е определена мерка притвор и за израелскиот државјанин што ќе биде извршена по негово пронаоѓање и лишување од слобода.

По спроведување на истражната постапка јавноста ќе биде информирана за исходот на истата, велат од ОЈО.

Коен за израелски медиуми вели дека со едноставен лабораториски тест ќе се докаже грешката на македонската полиција. „Нашите растенија имаат само 0,037 проценти на ТХЦ, а тоа е помалку од половина од дозволемиот процент од 0,1. Ние ги поседуваме сите документи дека производството се одвива според македонската регулатива, почнувајќи од купувањето на семето, па сѐ до полициското присуство за време на жетвите“, изјави Коен. Грешката набрзо ќе стане очигледна, вели тој.

Израелската компанија Медиви котира на берзата во Тел Авив и по овие информации вредноста на нивните акции падна за 3 отсто.

Производството на канабис за медицинска употреба во Македонија е дозволено од 2016 година. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе