Од таму велат дека постапувајќи по судска наредба на 10 јули, 2020 година не го пронајде на наведената адреса која е напишана во наредбата, по што е испратено известување за распишување на потерница за Панчевски.
Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС", во кој е обвинет.
Оваа вест пред неколку дена ја објавија од „Коалиција Сите за правично судење", од каде појаснуваат дека притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС".
Судењето за овој предмет за злоупотреба на „АКМИС“ системот требаше да почне наесен, но досега овој судски процес не е започнат.
Полицијата не го најде Панчевски на адресата која беше напишана во наредбата, па поради тоа испратено е известување до судот во Велес од каде треба да биде распишана потерница по Панчевски.
К.Д.