Осомничените се придржуваат кон мерката

МВР и по неколку пати им ѕвони на врата на Мијалков и Камчев во куќен притвор

Министерството за внатрешни работи не само еднаш, туку неколку пати им прави проверки на Орце Камчев и Сашо Мијалков кои се во куќен притвор. Полициските службеници неколку пати во текот на денот ги посетуваат осомничените во Империја на адресата на која ја издржуваат мерката куќен притвор. Адресата на која Мијалков е во куќен притвор е на фирмата ЕКСИКО .

Првиот сопственик на фирмата „Ексико" е Делта Инвестмент ЛТД, оф-шор компанија со седиште во Белизе. Во 2008 година се менува сопственоста – нов газда станува Калвус ЛЛЦ од Соединетите Американски Држави. Седиштето на „Калвус ЛЛЦ" е на улицата 41 State Street Albany 106, а според податоците на СЈО краен сопственик е Орце Камчев.

Според извештаите кои СЈО ги добива по извршените проверки за мерката куќен притвор од МВР, Мијалков и Камчев се придржуваат кон тоа да не го напуштаат домот.

На овие двајца осомничени во Империја по дадено позитивно мислење од СЈО, мерката притвор судот им ја замени со куќен притвор.

К.Д.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе