Првиот сопственик на фирмата „Ексико" е Делта Инвестмент ЛТД, оф-шор компанија со седиште во Белизе. Во 2008 година се менува сопственоста – нов газда станува Калвус ЛЛЦ од Соединетите Американски Држави. Седиштето на „Калвус ЛЛЦ" е на улицата 41 State Street Albany 106, а според податоците на СЈО краен сопственик е Орце Камчев.
Според извештаите кои СЈО ги добива по извршените проверки за мерката куќен притвор од МВР, Мијалков и Камчев се придржуваат кон тоа да не го напуштаат домот.
На овие двајца осомничени во Империја по дадено позитивно мислење од СЈО, мерката притвор судот им ја замени со куќен притвор.
К.Д.