МВР: До ОЈО Скопје поднесен соодветен акт за „бесправно градење“ кај „Мавровка“

Министерството за внатрешни работи информира дека по исцрпување на сите истражни мерки и активности за откривање и документирање на кривично-правниот настан во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“, денеска од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје бил поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, според членот 244-а од Кривичниот законик.

„Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘бесправно градење‘ кое што се гони по службена должност по член 244-а од Кривичниот законик на РСМ во реонот на Трговскиот центар Мавровка“, соопштуваат од МВР.

Оттаму велат дека заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР – Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе