Мустафа: Демири и Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани штом ќе завршат сите законски процедури

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека обвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани во земјава откако ќе бидат завршени сите законски процедури на Косово.

Мустафа по денешната оперативно-тактичка вежба „Плен“ во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и оти Демири и Исмаиловиќ ќе бидат екстрадирани откако ќе се завршат процедурите во косовското Министерство за правда.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе