„27 април“

Мукоски в рака држеше греда од вратата од Собранието, тврдеше пред судот обвинетиот Леви

Со греди од вратите на Собранието во рацете, обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви ги затекнал пратеникот Крсто Мукоски и член на собраниското обезбедување. Во денешната своја одбрана ова пред судот го кажа обвинетиот Ѓошевски-Леви, шефот на кабинетот на поранешниот собраниски спикер и претседавач со Конститутивната седница, Трајко Вељаноски, раскажувајќи ги минатогодишните случувања од 27 април.

Обвинетиот Леви пред судот раскажа дека кога ја видел толпата од прозорец на Законодавниот дом се симнал по скалите и по пат го сретнал Јохан Тарчуловски , а го видел и обвинетиот Мукоски како со колега од собраниското обезбедување, Владимир Стојков во раце држат греда од врата на Собранието. Ѓошевски посочи дека го видел и Абдуљфета Алими кого го прашал каде се клучевите од вратите.

„Се доближив до Абдуљфета и го прашав каде се клучевите. Тој ги извади од џеб и му паднаа клучевите. Кога се наведнав да ги земам слушнав тресок, видов толпата како влегува, му ги дадов клучевите и му реков: Бегај горе“, рече обвинетиот Леви пред судот. Тој појасни дека службите за обезбедување без писмено барање од претседавач не смеат да имаат физички контакт со пратениците.

„Во холот пред кабинетот на претседавачот имаше специјалци. Кога толпата влезе тие се доближија кон мене и викаа: ‘Каде е предавникот Трајко Вељаноски што дозволи да се пее странска химна во Собранието. Имаше и лица со фантомки, а меѓу нив и полицајци во маскирна униформа“, рече Ѓошевски.

Обвинетиот шеф на личното обезбедување на Вељаноски рече дека негова надлежност на 27 април била да го заштити Вељаноски кој, како што рече, бил личноста која му била доверена. Планот за евакуација обвинетиот Ѓошевски требало да го изготви сам и доколку имало потреба, тој самиот да направи проценка од кој влез требало да го изнесе Вељаноски. Ако немало можност за такво постапување, Ѓошевски како одговорен за безбедноста на Вељаноски, требало да го заштити внесувајќи го во безбедносна блиндирана соба и негова задача било да го внесе таму.

„Од безбедносни причини не би смеел да кажам каде се наоѓа оваа блиндирана безбедносна соба и како таа се активира. Мојата надлежност тој ден беше само да го заштитам животот на претседавачот“, рече обвинетиот Ѓошевски.

Судењето за 27 април е во тек со предложување на докази на одбраната.

К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе