Апелацискиот суд го потврди решението за притвор

Мухамед Зекири останува во притвор во Истражниот затвор во Шутка

Поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор во Шутка, бидејќи денеска Апелацискиот суд Скопје го потврди првостепеното решение за притвор. Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата која е во тек. 

Зеќири на јавната седница пред второстепениот суд истакна дека нема да бега, и дека ако сакал да го стори тоа на располагање имал повеќе од една година.

Тврдеше дека не е виновен во предметот каде се гони дека склучил договор за консултантски услуги со фирма без спроведена јавна набавка, со што според обвинителката го оштетил буџетот.

Освен Зеќири, осомничени во случајот се двајца хрватски државјани кои се бараат со потерница. 

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според Обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе