Морина нема да биде екстрадиран во Србија, одлучи Кривичниот суд

Не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Тимор Морина во Србија, одлучи Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје. 

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на Република Северна Македонија, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Република Србија како баратели на екстрадицијата“, соопштија од Судот.

Решението ќе биде доставено до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

Од Судот соопштија дека Морина останува во притвор.

„Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување. Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на Обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ”, соопшти Основен кривичен суд – Скопје.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе