Основен кривичен суд

„Монструм“ продолжува на 19 ноември со читање на смс пораки

Судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година „Монструм" продолжува на 19 ноември. На денешното рочиште се читаа транскрипти од смс пораки и друга комуникација поврзана со случајот, предложени како дополнителни докази од обвинителството.

Повеќето од смс пораките прочитани на денешното рочиште беа во периодот од 3 до 8 мај 2012 година меѓу тогашните политичари, а кои биле таргет на следење и биле дел од аудио материјалите доставени до СЈО.

Целата комуникација е насочена кон тоа како случајот влијае на јавноста со оглед на чувствителноста на темата. Па така, делови од смс пораките се однесуваат на тоа како мотивот и причините изнесени од полицијата влијае во јавноста. Друг дел смс пораки, како апсењата влијаат на албанската заедница и како изјавите во јавноста за случајот може дополнително да наштетат или пак што може да биде доколку со екстрадицијата за случајот се вклучи и косовската страна.

Во вториот дел од рочиштето беа прочитани повеќе разговори меѓу н.н. лица со фамилијата на обвинтеите и во притвор за случајот, кои прашуваат како се и дали знаат што се случува со нив. Потоа беа прочитани и транскрипти од разговори меѓу Али Ахмети, Артан Груби и Муса Џафери. Тие разговараат за протестите во Скопје и како требале да имаат состанок на високо ниво во ДУИ да одлучат за тоа, а во еден од разговорите зборуваат и за состанок во американската амбасада кои веројатно, како што велат соговорниците, се заинтересирани за случајот.

Во судница беа прочитани и транскрипти од повеќе разговори и смс комуникација од 28 март меѓу Зоран Трајковски со повеќе н.н. лица, меѓу кои и пратеникот Васил Пишев, каде Трајковски ги предупредува соговорниците дека иноформацијата за УЧК е сериозна и дека се подготвува напад на полициска станица во Скопје или Куманово, како и дека за тоа разговарал со советникот Синиша на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, кој побарал да го однесе лично да разговара со изворот на таа информација.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Судијата Ставрев најави дека доколку се оди со денешното темпо, тогаш со дополнителните докази како СМС и друга комуникација треба да се заврши на следното рочиште.
За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе