Судењето продолжува на 14 јули

„Моќник“ одложено на барање на обвинителот

Главната расправа за “Моќник" што требаше да се одржи денеска се одлага по барања на јавниот обвинител кој го застапува овој случај. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, следното рочиште за овој предмет е закажано за 14 јули.

Судењето за овој случај го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението се јавниот обвинители Гаврил Бубевски.

Според Обвинителството, прво и второобвинетиот се товарат дека сториле „измама“, третообвинетиот дека сторил „измама" и „злоупотреба на службената положба и овластување".

Со обвинителниот акт останатите 10 опфатени лица се товарат дека сториле „злоупотреба на службената положба и овластување".

Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски. Меѓу останатите обвинети се и Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе