Мобилните телефони на вработените на СЈО проработеа

Операторот А1, по молба од СЈО ги вклучи телефоните и мобилниот интернет за вработените во Специјалното јавно обвинителство. А1 даде дополнителен рок за наплаќање на фактурите. Предложените измени во Законот за јавнообвинителската служба, со кои ингеренциите врз Специјалното јавно обвинителство ќе ги има државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во Собранието ќе се разгледуваат на 11 декември, среда.

Поради можен дефект и натаму не е вклучено греењето. Постои опасност да попуштат некои вентили и да дојде до нова поплава како што веќе еднаш се случи, велат од СЈО. И вработените во СЈО веќе три месеци не добиле плата.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе