На предлог на одбраната на Ристовски

Митровски, Трајковски, Коневски и Мисајловски сведоци на судењето за организирањето на „27 април“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната на Спиро Ристовски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за обвинетите за организирањето на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

На денешното рочиште повикани се повеќе сведоци, меѓу кои поранешните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сокол Митровски, Тони Трајковски и Ивица Коневски, како и екс министерот Владо Мисајловски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе