По повеќе од еден месец од инцидентот во Мала Рачица

Мистеријата дали Адеми пукал на свадбата ќе ја решат вештачењата кои ги чека ОЈО

Основното јавно обвинителство ги чека вештачењата во врска со пукањето на веселба во тетовска Мала Речица, каде пред повеќе од еден месец од пукотници со огнено оружје на свадба беа ранети две млади лица. Еден од нив е и синот на пратеникот од ДУИ, Џеват Адеми. Вештачењата ќе треба да покажат кој и со какво оружје пукал за време на веселбата. 

Пред неколку дена родителот на второто дете повредено на свадбата изјави дека Адеми бил тој што пукал на свадбата. На кривична одговорност во врска со овој настан повика и Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ, коалициски партнер на ДУИ.

Зекири вели дека „освен моралната одговорност, никој не смее да биде амнестиран ни од кривичната".

Одговор за овој случај побаравме и од Обвинителството од каде ни беше образложено дека се дадени наредби за да се изготват сите потребни вештачења.

Она што до сега обвинителството го има како доказ за текот на оваа истрага се исказите на лицата инволвирани во овој настан, кои биле повикани на разговор во обвинителството.

Наспроти тврдењето на пратеникот Адеми дека не пукал на веселбата, таткото на другото повредено дете во пукањето вели дека токму пратеникот е оној кој посегнал по пиштол и сам го повредил својот син.

Во врска со ваквата изјава на еден од очевидците, од Обвинителството велат дека не можат да преземат ништо додека кај нив не ги добијат сите докази за кои издале наредба дека треба да бидат изготвени.

„Кај нас лицата беа повикани и дадоа исказ во Обвинителството. Издадени се наредби за да се направат потребните вештачења, како и да се прибават анализите од земените парафински ракавици од лицата. Додека сето ова не биде испратено во Обвинителството ние не можеме да преземаме ништо претходно. За натамошниот тек на постапката ни се потребни овие докази за кои имаме испратено и ургенции до МВР", ни одговорија од Обвинителството.

Органите на прогонот се во потрага по чаурите кои не биле пронајдени на местото на настанот.

 „Околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172" во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот", соопштија тогаш од МВР

                                                                                                                                 К.Д.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе