По хаваријата во кругот на поранешната фабрика

Министерство за животна средина: Опасната течност во ОХИС е целосно собрана, нема место за паника

Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти вечерва Министерсвото за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата  во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.

„Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно отстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре“, информираат од МЖСПП.

Истекувањето се случило во кругот на органско хемиска индустрија „Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината. 

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе