Писмо до судовите

Министерката Дескоска ги потсетува судиите дека одолговлекувањето на рочиштата е дисциплинска повреда

Министерката за правда Рената Дескоска испрати циркуларно писмо до сите претседатели на судовите и до претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија во кое укажува на измените и дополнувањата на Законот за судовите од април годинава, со посебен фокус на основите за нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

„Како основа за утврдување на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, се предвидени случаите кога судијата без оправдани причини не ги закажува рочиштата во предметите кои му се доделени или на друг начин ја одолговлекува судската постапка.

Друг основ за утврдување одговорност е доколку судијата не го земе предметот во работа заради што настанува застареност на кривично гонење или застареност на извршување на кривична санкција за кривичното дело.

Доколку претседател на суд не го извести Судскиот совет за сторена потешка дисциплинска повреда на законот од членовите 75, 76 и 77, од страна на судијата – доколку настанувањето на повредата му била позната, а непријавувањето е заради прикривање на истата, тогаш тоа е основ за поведување на постапка за разрешување од функцијата претседател“.

Во писмото од министерката се укажува и на обврските во член 17 од Судскиот деловник, според кој претседателите на судовите имаат надлежност да вршат редовен увид во работата на судот.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе