Во нив нема член на Советот

Лани поднесени биле барања за утврдување на одговорност против 107 судии

Во 2020 година до Судскиот совет поднесени се околу 107 барања за утврдување на одговорност за судии. Ова денес го изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев. За случајот со предметите во фиока, Здравев посочи дека поднесени се две барања за утврдување на одговорност против двајца судии, формирани се Комисии и постапката е во тек.

„Во некои барања има против двајца или тројца судии, во некои се за поединци. Во нив нема член на Судскиот совет", посочи Здравев.

На денешната седница, Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на судијка Јулијана Гареска од Основниот суд Куманово, по нејзино барање поради исполнување на услови за пензија.

Судијката, како што рече Здравев, од здравствени причини поднесе барање за престанок на функцијата, бидејќи исполнува услови за пензија со 62 години и 15 години стаж.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе