„Во некои барања има против двајца или тројца судии, во некои се за поединци. Во нив нема член на Судскиот совет", посочи Здравев.
На денешната седница, Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на судијка Јулијана Гареска од Основниот суд Куманово, по нејзино барање поради исполнување на услови за пензија.
Судијката, како што рече Здравев, од здравствени причини поднесе барање за престанок на функцијата, бидејќи исполнува услови за пензија со 62 години и 15 години стаж.