За случајот со „Меѓународен сојуз”

Милошоски на Русковска утре ќе ѝ предаде снимка на која се препознавал гласот на Заев

Досегашниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на неговиот Фејсбук профил најави дека утре, на негова иницијатива, во Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, ќе се сретне со Вилма Русковска и ќе и предаде аудио материјал доставен од укажувач, а на кој, како што вели, се препознава гласот на поранешниот премиер Зоран Заев. 

„Во прилог на овој материјал ќе го доставам и транскриптот од чија содржина произлегува сомнеж за тоа дека господинот Зоран Заев бил во тек со нелегалното финансирање на ‘Меѓународниот сојуз’ на Бојан Јовановски преку рекетирање на стопанственици, како и дека тој лично од позицијата премиер го помагал финансирањето на телевизијата 1ТВ”, пишува Милошоски. 

Тој додава дека се надева оти овој материјал ќе му биде од корист на обвинителството во покренатото обвинение за овој предмет.

 

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе