„Обвинителниот акт е компромитиран по два основи, прво истрагата ја почнала специјалната обвинителка Катица Јанва, која се занимавала со рекетирање, а продолжена е од нејзината другарка Фетаи, за која Држ.ревизија утврдила дека незаконски земала надоместок од 87.000 евра од СЈО. Свесен сум дека дел од обвинителството е под директна контрола на власта и затоа очекувам тие да го користат аргументот на силата, но одбраната со силата на аргументите ќе докаже дека случајот е правно неиздржан и има политичка димензија и цел“, додаде обвинетиот Милошоски.
Денешното рочиште за овој случај беше одложено.