По второто објавување на снимките

Милошоски денеска ќе ги предаде новите снимки на обвинителството

 Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска треба да дојде и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој ќе ги предаде снимките што пред два дена ги објави на конференција за медиумите.

Првиот пат сам морав да ги однесам аудио снимките, а сега обвинителството малку како да се подразбуди па ме повика да ги предадам и другите снимки што ги поседувам, изјави вчера Милошоски.

Пред два дена Милошоски објави аудио снимка, во која се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, тогаш премиер, како „носеше одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО“. Претходно Милошоски објави аудио снимка од собраниска говорница на која, како што тврди тој, Заев разговара со соговорник за финансирање на телевизијата на првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Зоран Заев и сам призна дека се автентични двете снимки.

„Се гледа дека Заев немал принципи кога зборел за реформи во правосудстовото. Односно едно зборел во јавноста, а на поинаков начин делувал бидејќи според втората објавена снимка се гледа дека господинот Заев не го негира тоа, тој бил во блиско содејство со судии од апелација, Врховен суд и во многу блиска релација со госпоѓата Катица Јанева како обвинителка каде што во еден сегмент кажува дека без Заев ништо не се може. Катица знае и мора да помага на таков и таков начин“, рече вчера Милошоски.

Според него премногу е сомнително оти Катица Јанева и Бојан Јовановски сами можеле да рекетираат бизнисмени за милионски суми без поддршка од власта.

„Мислам дека Катица Јанева и Бојан Јовановски, двајцата како пар немаат капацитет личен ниту инститтуционален да направат рекетирање на толкав голем број стопанственици без да имаат дополнителна поддршка од дел од власта. Дали е тоа извршна власт, дали е премиер, дали е министер, дали е полиција, дали е некој друг битен во судскиот или обвинителскиот систем, тоа ќе си докаже истрагата во иднина“, вели тој.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе