Од прес-конференцијата на бугарското обвинителство

Милева: Изброивме 44 тела, момчето што го скрши стаклото вели дека спасил 8 лица, едно лице недостасува

Разговарав со момчето кое го скрши стаклото во задниот дел од автобусот, тој ми рече дека се спасиле осум патници. Прашав, нели се седум. Рече, не, точно избројав, осум бевме спасени. Ние избројавме 44 тела на загинати патници. Загатка е каде е едно лице, рече портпаролката на бугарското Обвинителство Сијка Милева на денешната прес-конференција  на бугарскиот главен обвинител и негови истражители.

Во болницата се седум повредени патници, четири мажи и три жени, тела на починати лица има 44. Според списокот на патници, имало вкупно 52 лица. Останува таа енигма дали имало уште еден патник или не, рече Милева.

Заменик главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека ќе се истражува ова прашање, агажирани се многу лица да се истражи хипотезата, дали можеби претходно имало прекачување на патници во други автобуси или возила, дали некој преминал граница, се гледаат снимки од камери, нагласи тој потсетувајќи дека списокот вели дека имало 52 патника во конкретниот автобус.

„Ги видов изгорените тела, глетката беше ужасна и ќе ми остане во секавање цел живот. Посетивме и болницата и разговаравме со повредените. Според лекарите се во добра состојба, но во тешка психичка состојба. За нив се грижат најдобри лекари. Прашавме какви потреби имаат. Сакаа да прашаат и да се јават на своите најблиски", рече Милева.

Таа рече дека е можно да бидат вклучени и неправни експерти или меѓународни експерти, доколку има потреба за дополни докази, рече Милева.

Во однос на барањето за учество на експерти од македонската Судска медицина, Милева рече дека Обвинителството имаше средба со македонскиот министер Бујар Османи.

Нагласивме дека од бугарска страна утврдувањето на идентитето ќе оди брзо, ги чекаме примероците од ДНК, потоа сакаме брзо да бидат пренесени останките на починатите во вашата земја, рече Милева.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе