Mиле Јанакиески од притвор пренесен во болница

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески од вчера од притворот во затворот во Шутка е пренесен во болница. Според информациите од неговите бранители Јанакиевски ќе мора да биде опериран.

Тој минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.

Јанакиески е веќе во приватна болница во Скопје. Тој досега три пати беше во притвор во Шутка. Првпат лани на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи. Втор пат беше внесен во притвор по налог на Јавното обвинителство за организиран кримина и корупција во февруари каде е обвинет дека е еден од организаторите за нападот врз Собранието на 27 април. Тогаш во притвор беше нападнат од член на кумановската група осуден за „Диво насеље“. Последниот пат  Јанакиески влезе во Шутка за случајот со планираната изградба на Шпанските скали на скопскиот плоштад. 

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе