Миле Јанакиески излегува од куќен притвор, доби мерка „претпазливост“

Апелацискиот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиески, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

„Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како ‘Т.Н.Т.‘, КОК 7/18 означен како Титаник, КОК 9/19 означен како Талир, КОК 57/17 означен како Топлик, КОК 52/17 означен како Траекторија и КОК 30/20 означен како ‘Шпански скали‘, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор“, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Наместо куќен притвор Јанакиески доби мерка претпазливост што значи забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе