Основен кривичен суд Скопје

Миле Јанакиески е во изолација, се одложува и судењето за „ТНТ“

Главната расправа за предметот „ТНТ" закажана за утре, се одлага за 4 ноември поради издадено решение за домашна изолација на еден од обвинетите во овој случај, информира денеска Основниот кривичен суд – Скопје. Станува збор за обвинетиот Миле Јанакиески. 

До Судот е доставено известување од обвинетиот М.Ј., според кое, истиот со решение на здравствените власти е задолжен со домашна изолација заради контакт со заразен од вирусот ковид-19, се наведува во сопштението.

Поради ова, Судот ја одлага утрешната расправа за предметот „ТНТ" и следното продолжение го закажува 4 ноември во 10:00 часот.

Случајот „ТНТ" се однесува за уривањето на комплексот „Космос" на инвеститорот Фијат Цановски.

За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе