Почна ново судење за ексдиректорот на УБК и бизнисменот

Мијалков со тројца, Камчев со шест адвокати на судењето за „Плацевите на Водно“

Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков во случајот „Плацеви на Водно“ ќе го бранат тројца адвокати, и тоа Петар Василев, Миле Петковски и Звонко Давидовиќ, пренесе Фокус.  Бизнисменот Орце Камчев ќе го бранат шест бранители и тоа Гоце Ристевски, Тони Менкиновски, Еленко Миланов, Антонио Апостолски, Саше Бошков и Александар Михајловски, кои беа присутни во судница. Сепак тој истакна дека дополнително ќе се изјасни кој од нив ќе го застапува во кривичната постапка.

Судењето за „Плацевите на Водно“ почна денеска. Обвинителката Стефанова го даде воведниот збор, а на следното рочиште закажано за 19 јули, обвинетите ќе се изјаснат за вина и ќе дадат воведен збор.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот".

Неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Фото: Роберт Атанасовски 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе