Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.
Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.
Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.
„Оној што ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никогаш. Се случи тоа еден ден во изолација вчерашен и еве гледате непријатности“, изјави Мијалков за ТВ 24 пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.