Во случајот „Тврдина-Таргет“

Мијалков: Нема докази дека снимените разговори се од УБК, лесно можеше да се прислушува надвор од системите

Обвинетиот поранешен директор на УБК Сашо Мијалков во денешното прво сведочење во тригодишниот судски процес за масовното незаконско прислушување, тврди дека нема ниеден доказ дека илјадниците снимени разговори се од Управата и дека таму се вршело прислушувањето.

„Ако ги снимал разговорите во УБК сведокот Ѕвонко Костовски и ги режел во Управата, можеше да се споредат тие цедеа со цедеата во УБК од посебните истражни мерки, но такво нешто нема", рече Мијалков, пренесе СДК.мк.

Тој тврди дека многу лесно можело да се прислушува надвор од системите на УБК.

„Такво нешто ми беше презентирано од израелска компанија за високософистицирана опрема, дека е можно следење на комуникации на мобилната телефонија надвор од Управата, преку телефонските оператори. Опремата беше составена од 3 лаптопа и една мала антена од неколку сантиметри. Таа опрема ја нарекуваат дпл, за детектирање, превенирање и лоцирање. На еден од лаптопите пред сите излезе телефонска комуникација од повеќе разговори, преку нашите мобилни оператори. На презентацијата беше и Ѕвонко Костовски", тврди Мијалков.

Екс директорот додааде и дека за ваквото тврдење на обвинителството не бил приложен ниту еден доказ.

На прашање на неговиот бранител Љупчо Шврговски, кој му посочи дека според обвинението, во 2008 формирал злосторничко здружение со намера да ја злоупотреби службената положба и овластувањата, тој кажа:

„Тоа е апсолутно неточно. Јас наводно сум формирал да се создаде ваква група, но јас Надица Николиќ како еден од создавачите на групата, не ја познавам. Ја запознав кога се случи аферата со прислушувањето. На другиот создавач Горан Грујовски никогаш не сум му дал таква наредба за формирање група за таква цел. И останатите наводни создавачи на групата не ги знаев. Тука во судница ги запознав. Кога некој би формирал ваква група, не би формирал веројатно со волку членови, башка и непознати за наводниот организатор. Она што очекував беше во оваа постапка да чујам и видам барем еден материјален или вербален доказ за да се поткрепи обвинението“, рече Мијалков.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе