Таргет-тврдина

Мијалков: Ова што се случува не е фер, кажете ако не да не се браниме, донесете пресуда и готово

Со сослушување на сведок вработен во УБК, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина".

Судот на почетокот дозволи на сведокот Сашо Трајковски да му бидат предочени докази од СЈО и тоа извештаи за состојбата на системите за набљудување Најс и Веринг.

Сведокот изјави дека извештајот го изработил лично тој на службен компјутер подоцна запленет од СЈО, на барање на Горан Грујевски, но дека наведениот датум од 12 месец 2014 година не се совпаѓа со датумот кога тој го има изработено извештајот.

„Ако тој документ е изготвен во 2014 година, во тоа време Звонко Костовски се уште е мој претпоставен и јас би требало кај него да се обратам, а потоа тој да го достави до началникот на одделот. Ако навистина бил правен во 2014 година тогаш ќе требало да биде проследен преку началник на единица, меѓутоа добро се сеќавам дека јас го изработив извештајот на 25 февруари 2015 година на барање на началникот Горан Грујевски“, рече сведокот.

На прашање од обвинителката од СЈО, Ленче Ристевска како бил организиран службениот компјутер и дали биле зачувани логови, сведокот рече дека на хард дискот има фолдер со службени документи каде биле извештаи и фајлови за опремата организирани по години, каде би требало да има лог фајлови за работата на системот Веринг.

На прашање од Судот дали забележал некоја разлика или промена во содржината на извештајот, сведокот рече не, освен датумот.

На вкрстено прашање од обвинетиот Сашо Мијалков, како знае дека договорот е потпишан на 17 декември 2007 година, ако не бил ангажиран за набавка на опремата во 2007 година, сведокот рече дека бил член на Комисијата за технички прием на опремата за системот Најс, каде точно бил наведен датумот на склучување на набавката.

Прашан дали може да се заклучи дека ИПС системот е набавен заради технолошка застареност на претходниот систем, сведокот рече дека според него, можеби имало простор за интервенција и надградба на Најс системот, но не може да се произнесам колку тоа чини и дали е поевтино да се набави нов.

На тоа, Мијалков му предочи на сведокот извештај потпишан лично од него, каде наведува дека системот Најс е застарен и нефункционален.

Прашан да појасни како знаел дека зад псевдонимот „Лијаве“ бил Велија Рамковски, сведокот рече дека тоа го констатирал така што по пријавен дефект интервенирал со рестартирање, а по отворање кликнал на таргет „Лијаве“ и почнало аудио на кое соговорникот од другата страна рекол добро утро Рамковски и од таму сам заклучил.

На прашање од Мијалков, зошто кога констатирал таргет без судски налог не ги пријавил кај него, сведокот рече дека како администратор знаел оти во компјутер со ознака дека се наоѓа во неговата канцеларија имало фолдер „важно“ каде биле сите такви таргет и од таа причина не се осмелил да пријави лично кај него.

Прашан дали видел дека Ѕвонко Костовски врши експорт, сведокот рече дека можел, но не видел.

На моменти Мијалков реагираше дека сведокот не одговара конкретно на неговите прашања, туку „раскажува приказни”.

Откако судот и обвинителството приговараа на начинот на кој Мијалков го испрашува сведокот Сашо Трајковски, Мијалков изнервирано изјави:

„Ова што се случува во судницата не е фер. Кажете ако не да не се браниме, донесете пресуда и готово”, им се обрати Мијалков на судиите од Судечкиот совет.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е СЈО.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе