Поранешниот шеф на УБК бил спречен да дојде на суд

Мијалков не дојде на „Трезор“, повраќал и имал проблеми со желудникот

Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков утрово не се појави на судењето за предметот „Трезор". Неговиот бранител Љупчо Шврговски, на судот му достави извештај од специјалист за здравствената состојба на неговиот клиент и рече дека не се чувствува добро, па затоа бил спречен да дојде на судењето, пренесе СДК.мк.

„Повраќа, има проблеми со желудникот. Не сум лекар, еве го извештајот", рече Шврговски.

Судијката Џенета Бегтовиќ рече дека обвинетиот бил уредно повикан. Таа цитираше дека Мијалков доставил потврда од „Неуромедика" и „Аџибадем Систина", со кои се потврдува дека пациентот има отворено боледување од 25 септември.

Сашо Мијалков, Горан Грујевски поранешниот началник на петтата управа, Тони Јакимовски ексшефот во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ поранешен помошник министер во МВР се обвинети дека набавилеа опрема за прислушување во Лондон во 2010 година.

Набавката на опремата не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи", договор, кој според обвинителниот акт од СЈО бил фактуриран по двојно поскапа цена.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе