Тече рокот за жалби до второстепениот суд

Мијалков може да се жали до Апелацискиот суд, ја доби пресудата за „Титаник 2 “

Пресудата за „Титаник 2" е доставена до осудените лица, кои по приемот имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 до Апелацискиот суд во Скопје, информираат денеска од Кривичниот суд во Скопје. Откако неправосилно осудените ја примиле во писмена форма одлуката на првостепениот суд, сега можат да ги поднесат жалбите на одлуката за „Титаник 2 “ до второстепениот суд. 

„Заради зголемен интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека пресудата за предметот со КОК бр. 62/17 од обвинителството означен како „Титаник 2 ", објавена на јавна расправа на 08.03.2019 година, е писмено изработена и експедирана до странките кои по приемот на истата имаат право на жалба преку Основниот суд Скопје 1 – Скопје до Апелацискиот суд – Скопје, а во меѓувреме пресудата е во фаза на преведување и на албански јазик“, се наведува во соопштението од Основен суд Скопје 1.

Пресудата за случајот „Титаник 2" на Специјалното јавно обвинителство, судот ја објави на 8 март годинава.

За изборните нерегуларности на локалните избори во 2013 година поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков доби казна затвор од три години, исто толку добија и Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, додека лидерот на ДПА Мендух Тачи доби три години и два месеца, а највисока казна од четири години и шест месеци му беше изречена на Бедредин Ибраими.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе