сабота, 23 мај 2026

Mијалков излегува од Шутка

Објавено на

часот

Сподели

Гаранцијата за тоа дека нема да бега е 11 милиони евра во имот. Оваа гаранција веќе беше понудена и за притворот во случајот „Трезор“. За овој случај Мијалков доби првостепена пресуда од осум години затвор.

Апелацискиот суд за случајот „Трезор“ минатата недела ја прифати гаранцијата и го укина притворот, но истиот ден по итна постапка, за случајот „Плацеви на Водно“, на предлог на обвинителката Лиле Стефанова беше побаран притвор за Сашо Мијалков од 30 дена и веднаш беше прифатен од кривичниот совет на Основниот кривичен суд. И во случајот „Плацеви за Водно“ Мијалков е еден од обвинетите, заедно со Никола Груевски и Орце Камчев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ