Во Кривичниот суд

Мијалков и тројца адвокати позитивни на ковид-19, одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“

Рочиштето за случајот „Плацеви на Водно“, денеска не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, за кого одбраната го известила судијата Илија Трпков дека е позитивен на коронавирус. Позитивни на ковид-19, според судот се и тројца  адвокати на обвинетите, еден на Мијалков, еден на Ненад Јосифовиќ и еден на Орце Камчев.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски, а на судењето се појави само Орце Камчев. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 24 јануари.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе