петок, 26 април 2024
Претседателски избори 2024

Сиљановска Давкова: Чест е да се биде пред Македониумот во најилинденскиот град

„Крушево е чудесен град: највисок, најрепубликански, најилинденски!
Да стоите пред Македониумот пред потомците на Питу Гули и Никола Карев е чест и обврска. Да бидете во градот на незгасливата музичка ѕвезда Тоше е симфонија. Да се дружите со креативните крушевски жени е уметнички чин“, рече денеска на собир со граѓани во Крушево кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме! Кога ќе се грижиме за ликот и делото на Тоше, ќе им оддаваме почит на партизаните, нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, ќе бидеме горди на Македонија! Вие, крушевчани, има на што да сте горди и заслужувате самопочит. Мора животот да го вратиме, зашто Крушево има шанси да биде пристојно место за живеење“, рече Сиљановска Давкова.
Taa вети дека секогаш ќе биде блиску до граѓаните.
„Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Ѓорге Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе“, нагласи Сиљановска Давкова.
Таа на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум.
Сиљановска Давкова имаше средба и со граѓаните на Кривогаштани. Таму рече дека средбата со граѓаните, меѓу кои и со иселеници во далечните земји, кои ѝ кажале дека дијаспората е заборавена.
„На 24 април имаше политички земјотрес, вие го предизвикавте и јас од срце ви благодарам! Очекувам на 8 мај уште еден политички вулкан. Тоа за нив ќе биде научена лекција, оти после сè што направија не можат ниту да соберат сила да се извинат, па велат: ‘Грешевме, ама сега дајте ни уште еден мандат. Оваа власт е потрошена и треба да си замине, а ВМРО-ДПМНЕ треба да се потсети на сите научени лекции и да рече дека никогаш нема да го направи тоа што се случило, и така ќе зачекориме напред“, изјави Сиљановска Давкова во Крушево.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ