По изрекувањето на казната од 8 години

Мијалков е моќен и може да побегне, рече обвинителот Пеливанов и побара притвор

Обвинителот Трајче Пеливанов, по изрекувањето на пресудата за Сашо Мијалков со која тој беше осуден на казна затвор во траење од 8 години за случајот „Трезор“, побара мерка притвор и за овој предмет. Оваа мерка, според обвинителот, се бара поради тоа што Мијалков бил моќен, ситуиран и можел да побегне. 

Обвинителот Пеливанов нагласи дека на Мијалков веќе му е определена мерка притвор за предметот „Таргет-Тврдина", но овој притвор според одлуката може да трае најдоцна до 27 април.

„Имајќи ја предвид казната од 8 години, како и висината на казната во предметот Таргет-Тврдина од 12 години затвор, како и околноста дека Мијалков е исклучително моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување на неговото присуство. Предлагаме на Мијалков да му се определи мерка притвор во овој предмет. Ова го бараме и поради постоење на опасност од бегство, како и тоа дека веќе преку Европол е утврдено дека Мијалков има адреса на живеење во Прага, а и две возила регистрирани на негово име“, рече обвинителот Пеливанов.

Обвинителството побара притвор и за експомошник-министерот во МВР, Небојша Стајковиќ, кој денес беше осуден на затвор од 5 години во случајот „Трезор“.

Одбраната на Мијалков се противи на ваквото барање со образложение дека Мијалков нема намера да побегне. Одбраната смета дека сѐ додека е активно и правосилно решението за веќе определениот притвор за „Тврдина-Таргет“ , обвинителството не може да бара притвор и ваквиот предлог е незаконит и неоснован. 

Судењето е во тек и се очекува одлука на Судот по дадените предлози. 

К.Д.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе