Ексшефот на УБК на рочиште за случајот „Тортура“

Мијалков до психијатарот на Бошкоски: Јас би се срамел да ме фатат со 100 илјади евра пред аудиториум

Затворскиот психијатар Мирко Треневски, кој во истражниот затвор „Скопје“ разговарал со Љубе Бошкоски по неговото приведување за случајот „Кампања“ во 2011 година, денеска сведочеше на рочиштето за случајот „Тортура“.

Тој пред судот рече дека два дена по приведувањето разговарал со Бошковски и дека добил податоци за тоа дека е уапсен во некоја кафеана.

„Два дена по неговото приведување разговаравме. Добив податоци дека бил уапсен во некоја кафана и дека тоа го доживеал многу стресно, вознемирувачки, со страв... Имаше депресивен поглед. Констатирав дека се работи за нарушен психички статус, што е вообичаено при вакви стресни ситуации“, сведочеше психијатарот.

Тој додаде дека Бошкоски апсењето и неговото притворање ги доживеал многу емотивно и понижувачки.

По прашањата од обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе, прашања за овој сведок имаше и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.

Мијалков го праша психијатарот Треневски дали чувството на срам кај Бошкоски, кое сведокот го спомена во одговорите на прашањата, се јавило поради апсењето кај ресторанот „Воденица“.

„Јас би се срамел да ме фатат со 100 илјади евра пред аудиториумот“, рече Мијалков.

Психијатарот рече дека кај Бошкоски доминантна била психотраумата, а потоа и чувството на срам.

Во предметот „Тортура“ обвинети се шест полициски „алфи“ и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков за нехуманото и понижувачко апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. За денеска предвидено е да сведочат тројца сведоци.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе